Заедно со новите M2 Pro и M2 Max чипсети, Apple ги претстави и новите верзии на Mac mini и MacBook Pro. MacBook Pro е достапен во варијанти на дисплеј од 14 и 16 инчи, со RAM меморија до 32 GB за верзијата M2 Pro и до 96 GB за верзијата M2 Max. Новиот 14-инчен MacBook Pro со M2 Pro се продава по цена од 1.999 долари, а 16-инчниот модел чини 2.499 долари.
Покрај новите процесори, лаптопите сега поддржуваат Wi-Fi 6E стандард и подобрена верзија на HDMI (HDMI 2.1), која поддржува 8K дисплеи до 60Hz и 4K дисплеи до 240Hz. Компанијата наведува дека уредите можат да издржат до 22 часа со едно полнење, што се должи на енергетската ефикасност на новите чипсети.
Новиот Mac mini модел исто така добива нови M2 чипсети, но во овој случај тоа се M2 и M2 Pro. Цената на основната верзија започнува од 599 долари, а првата конфигурација вклучува M2 чип, 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање на фајлови. Од портовите, присутни се HDMI, Gigabit Ethernet, приклучок за слушалки, 2 x USB-A и 2 x Thunderbolt 4 (USB-C).
M2 Pro конфигурацијата започнува со 16 GB RAM и 512 GB SSD, а вклучува и уште 2 Thunderbolt 4 порта, но почетната цена изнесува1.299 долари. Уредот поддржува унифицирана меморија до 32GB со капацитет од 200GB/s, додека верзијата M2 поддржува до 24GB со капацитет од 100GB/s.