Со воведувањето на Tile, персоналните уреди за следење добија популарност, но секторот буквално експлодираше со воведувањето на Apple AirTag. Овие производи се секако доста контроверзни, но посебно во САД станаа прилично популарни.
Изгледа дека Google сака да навлезе и во овој сегмент, а податоците за ова доаѓаат од дојавувачот @Za_Raczke. Компанијата можеби развива директен конкурент на AirTag, кој го носи кодното име grogu, познат од серијата Mandalorian.
Google is working on a smart tracker similar to Apple's AirTag, codename "grogu" – report 🧵👇 pic.twitter.com/8K6KO7tfzj
— Kuba Wojciechowski⚡ (@Za_Raczke) January 16, 2023
Тракерот ќе вклучува звучник, ќе доаѓа во различни бои и ќе поддржува Bluetooth LE и ултраширок опсег (UWB). Засега, пак, нема информации како ќе се вика готовиот производ и кога ќе може да биде претставен.