Познат типстер од кинеската социјална мрежа Weibo откри нови интересни детали за претстојниот смартфон на преклопување Huawei Mate X3.
Овој модел ќе се појави на пазарот пред P60 серијата, што значи дека ќе биде првиот од претстојните флегшип уреди на Huawei кои се очекуваат оваа година.
Mate X3 ќе ја поддржува следната генерација на сателитска комуникација која ќе им овозможи на своите корисници бесплатно да испраќаат и примаат кратки пораки преку директна сателитска мрежа. Ќе поддржува и гласовни пораки, што е подобрување во однос на првите имплементации на оваа функција. Актуелниот Mate 50 модел дозволува само испраќање текстуални пораки, но не и нивно примање.
Можноста за испраќање и примање пораки ќе биде многу корисна во ситуации без мрежна покриеност, но се очекува да се користи и во секојдневниот живот. Сепак, фокусот е на ситуации каде оваа функција може да спаси човечки животи.