Апликацијата Netflix за iOS доби редизајниран интерфејс. Најголема промена се забележува кај анимациите, кои сега се значително пофлуидни
Netflix оваа недела објави ажурирање на својата апликација за iOS оваа недела, со што на корисниците на iPhone им донесе редизајниран интерфејс со нови анимации. На оваа промена работеше поранешниот дизајнер на интерфејсот на компанијата, Јанум Триведи, кој сподели кратко видео на Twitter за тоа како сето тоа изгледа во пракса.
„Минатата година го предводев освежувањето на корисничкиот интерфејс, за да го направам Netflix пофлуиден, попривлечен и подотеран. Денес целата таа работа е завршена“, напиша Триведи.
This last year, I’ve been leading a UI refresh to make Netflix feel more fluid, delightful, and polished.
Today, all that work shipped!
Huge thanks to @nebson and @b3ll for helping bring this to life ❤️
Details below, but try it out yourself! pic.twitter.com/cZFb7c42Fd
— Janum Trivedi (@jmtrivedi) January 16, 2023
Имено, со ова ажурирање, корисниците на Netflix на iOS добиваат нов изглед на почетната страница, која сега се движи со помош на акцелерометарот на iPhone. Со други зборови, како што се движи смартфонот, така ќе реагираат и картичките со насловните страници на филмовите и сериите.
Понатаму, лесно е да се филтрира содржината по категорија, да се префрлате помеѓу профилите и генерално да пребарувате во апликацијата, а кога ќе се допре саканиот филм или серија, насловната ќе се прошири и ќе ги прикаже сите потребни детали и информации.
Освежен е и табот Coming Soon, како и What’s New, а како што вели Триведи на Twitter, редизајнираниот интерфејс наскоро би можел да пристигне и на апликацијата Netflix за Apple TV. Засега не е познато кога корисниците на Android ќе го добијат ова ажурирање.