Најголемиот авион во светот наречен The Roc, кој има шест мотори постави уште еден значаен рекорд.
The Roc полета од пристаништето Мохаве во југоисточна Калифорнија во петокот наутро и постави уште еден рекорд за авиони со неговата големина откако леташе шест часа пред да слета на истата писта.
Го произведе компанијата Stratolaunch како „носач“ со распон на крилата подолг од фудбалско игралиште. Тоа е всушност авион кој ќе служи како платформа за тестирање на хиперсоничен товар. Ова беше деветти пробен лет на компанијата, но само втор што го носи хиперсоничното тест возило Talon-A, важен дел од нејзините планови да започне хиперсонично тестирање подоцна оваа година.
Talon-A е пробно возило за повеќекратна употреба на ракетен погон, долго 8,5 метри и распон на крилата од 3,4 метри. Се наоѓа на столбот под централното крило на The Roc. Авионот има труп и три млазни мотори од двете страни, додека вкупниот распон на крилата е 117 метри.
Talon-A може да биде опремен со различни истражувачки товари, кои потоа може да се „испукаат“ и да летаат со брзина меѓу 5 и 10 Mach додека The Roc крстари на надморска височина до 10.000 метри. Тестното возило има и сопствена опрема за слетување, која може да се врати на која било конвенционална писта и повторно да се користи.
Интересно е тоа што The Roc може да носи до три возила Talon-A истовремено. Неодамнешниот лет го носеше возилото Talon-A нагоре и ги постави темелите за одвојување од The Roc за време на идните летови.
Иако авионот претежно летал на височина до 6.860 метри, во воздух се задржа шест часа, што е нов рекорд. Ова е големо подобрување во однос на последниот лет со возилото Talon-A, кој мораше да биде прекинат по 90 минути.
Успехот на летовите му овозможува на Stratolaunch да премине во следната фаза од својот план, а тоа е безбедно раздвојување на хиперсоничниот лет. The Roc е дизајниран да лансира сателити во ниската орбита на Земјата.