Компанијата за анализа на пазарот Canalys сподели податоци за испораките на паметни телефони во последниот квартал од минатата година. Тие покажуваат пад од 17 проценти на испораките на годишно ниво и 11 отсто за целата 2022 година наспроти 2021 година, на нешто помалку од 1,2 милијарди уреди.
Во последниот квартал, Apple имаше најмногу испораки, постигнувајќи и рекорден пазарен удел од 25%. Следуваат Samsung и Xiaomi со 20% и 11% соодветно. Топ пет ја комплетираат компанијата OPPO и vivo со 10% и 8%.
Што се однесува до целата година, Samsung има најмногу испораки со 22% удел на пазарот. Потоа, дистрибуцијата ја сочинуваат Apple (19%), Xiaomi (13%), OPPO (9%) и vivo (9%). Треба да се напомене дека тука кинеските производители бележат пад, но не и драстичен во однос на претходната година.
За тековната година се предвидува минимален раст или одржување на нивоата на понуда.