Samsung се подготвува за презентација на Galaxy S23 серијата смартфони закажана за 1 февруари во Сан Франциско, а во меѓувреме има се помалку тајни за претстојните уреди, бидејќи се повеќе информации протекуваат во јавност.
Samsung се очекува на настанот Unpacked да претстави три нови паметни телефони и тоа Galaxy S23, Galaxy S23 Plus и Galaxy S23 Ultra. За ова трио досега знаеме многу, а најновите информации кои ги откри германскиот блог WinFuture се однесуваат на стандардниот и Plus моделот.
PREMIERE
Official technical sheet for Samsung Galaxy S23 and S23+ (dedicated to France)
We can see some slight differences with what we know from previous rumors (as the wireless charging max power)https://t.co/mlZlPZxw2L
— billbil-kun (@BillbilKun) January 17, 2023
На интернет веќе се појавија официјални прес фотографии од телефоните, а сега пристигнаа и нови, како и одредени детали. Уредите имаат идентичен дизајн кој е позаоблен во споредба со дизајнот на Galaxy S23 Ultra, кој е повеќе „кутиест“ и потсетува на некогашниот Galaxy Note. Сепак, освен дизајнот, S23 и S23 Plus споделуваат некои спецификации, додека се разликуваат главно кога станува збор за големината на екранот, меморијата, батеријата и брзината на полнење.
Galaxy S23 и S23 Plus ќе користат оперативен систем Android 13 на Google со интерфејс One UI 5.1 на Samsung и ќе ги покренува истиот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 (4nm).
S23 добива 6,1-инчен Dynamic AMOLED 2x Infinity-O екран со резолуција од 2.340 x 1.080 пиксели, брзина на освежување од 48 до 120Hz со поддршка за HDR10+ и густина на пискели 425ppi. S23 Plus ќе има 6,6-инчен екран (393ppi), а двата дисплеја ќе бидат заштитени со Gorilla Glass Victus 2.
И двата модела имаат 8 GB RAM, но S23 е достапен со 128 и 256 GB простор за складирање, а S23 Plus со 256 и 512 GB внатрешна меморија.
Идентични се и камерите. Одзади има три камери, главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на слика, 12 MP ултраширок и телефото сензор од 10 MP со 3x оптички зум, додека од предната страна има селфи камера од 12 MP. Кога станува збор за палетата на бои, понудата и за двата модели е црна, памучна, зелена и виолетова. Уредите се разликуваат по димензии, така што оние за S23 се 146,3 x 70,9 x 7,6 мм, а за изнеусваат S23 Plus 157,8 x 76,2 x 7,6 мм. Разликата е и во тежината која изнесува 167 и 195 грама. Двата уреди се отпорни на вода и прашина според стандардот IP68.
Изворот тврди дека S23 и S23 Plus нема да имаат слот за microSD картичка, но европските верзии на уредот ќе имаат два физички слота за SIM и поддршка за eSIM. S23 и S23 Plus нема да имаат ни 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, но ултразвучниот сензор за отпечатоци ќе биде интегриран во екранот.