Apple oваа недела го претстави ажурираниот Mac mini, кој ги вклучува новите чипсети M2 и M2 Pro, ветувајќи значително подобрување во перформансите во однос на претходните верзии со M1 чипот. Сега бенчмарк резултатите од Geekbench покажуваат каква е реалноста.
Mac mini со M2 Pro освои 1.952 и 15.013 поени во еднојадрените и повеќејадрените тестови, соодветно. Конфигурацијата е со 16 GB системска меморија. За споредба, резултатот на модел со M1 Max е 1651 и 5181 поени соодветно.
Судејќи според се, корисниците може да очекуваат значително подобрување, посебно при мултитаскингот. Останува да видиме какви ќе бидат вистинските придобивки при работата.