Ова би било трето, но воедно и најголемо намалување на работната сила од страна на компанијата минатите неколку месеци.
Microsoft наводно планира да отпушти илјадници работници, соочен со забавувањето на глобалната економија, пишува Sky News.
Една од најголемите технолошки компании, која вработува повеќе од 220.000 луѓе размислува да ја намали својата работна сила за околу 5 проценти, што е еквивалентно на бројот од 11.000 работни места.
Потсетуваме, ова би било трето, но воедно и најголемо намалување на работната сила од страна на компанијата во минатите неколку месеци. Microsoft првобитно отпушти нешто помалку од 1% од работната сила, за потоа во октомври да најави отпуштање на уште околу 1.000 работници.
Компанијата сега има пазарна вредност од 1,78 билиони долари, а следната недела би требало да ја пријави заработката во вториот квартал.
Како што наведува Sky News, доколку извештајот биде готов, соопштението за намалување на бројот на вработени би можело да дојде пред 24. јануари.
Исто така, компанијата води битка со регулаторите да добие одобрение за преземање на Аctivision Blizzard, произведувач на играта Call of Duty, вредно 56 милијарди фунти.
Во декември исто така излегло соопштение дека Microsoft купува четири проценти од уделот во Лондонската берза.
Аналитичарите од Гугенхајм го намалиле рејтингот на акцијата на Microsoft на продажниот рејтинг, тврдејќи дека тие бројки би можеле да ги разочараат инвеститорите.
Додека многу инвеститори го гледаат Microsoft како огромен, стабилен бизнис кој може да надмина било каква бура, сепак има ранливости, од кои некои би можеле да бидат влошени со ова макроекономско забавување.
Потсетуваме, и „Amazon“ на почетокот на годината најави отпуштање на повеќе од 18.000 работници, додека минатата година мина во знакот на отпуштањето во Meta и Twitter.