Американската вселенска агенција NASA се здружи со компанијата Boeing во развој за „зелена“ технологија за комерцијални летови.
Двете организација ќе соработуваат во проектот Sustainable Flight Demonstrator со цел производство, тестирање и употреба на авион со еден премин со крајот на декадата, што ќе ја намали емисијата на гасови.
NASA планира во 2028 година да го направи првиот лет со новиот експериментален авион на „Боинг“, концепт наречен Transonic Truss-Braced Wing. Долгорочно, NASA има цел овој авион да заземе 50 отсто од комерцијалниот пазар кога станува збор за авиони со еден премин на кратки и средни релации.
Авионот е дизајниран така да има издолжена, тенки крила кои се стабилизирани со дијагонални потпирачи, а кои ги поврзуваат крилата со трупот. Експерименталниот дизајн создава помал отпор, што значи и помала потрошувачка на гориво. NASA и Boeing веруваат дека новиот дизајн може да ја намали потрошувачка на гориво и емисии до 30 отсто.
Од NASA велат дека концептот ќе користи и други „зелени“ технологии во настојувањето да се помогне на авиоиндустријата да ја исполни својата цел на достигнување нето нулта емисија на јаглерод до 2050 година.
Причината поради која НАСА и Boeing одлучија да работат на авион со еден премин е и фактот дека ваквите авиони прават отприлика половина од емисиите на авијацијата ширум светот. Авиокомпаниите во голема мерка, се потпираат на овие типови авиони за превоз на кратки и средни далечини.
Но, тоа не значи дека не се тестираат за поголеми одржливи авиони. Airbus неодамна леташе со својот огромен авион A380 користејќи 100 отсто одржливо гориво. Треба да се напомене дека Airbus A380 и Boeing 747, кои се големи двоспратни авиони, повеќе не се произведуваат, а меѓу причините се помалата побарувачка и поголемите оперативни трошоци. Boeing проценува дека побарувачката за авиони со еден премин ќе биде зголемена за 40.000 авиони меѓу 203 и 2050 година.