Апликацијата Instagram по неколкумесечно тестирање доби начин привремено да ги замолчи push известувањата кога корисникот сака да „одмори“ или да спречи одвлекување на вниманието.
Станува збор за функцијата наречена Quiet Mode, која ќе испраќа автоматски одговори до оние кои ќе се обидат да контактираат со корисникот преку оваа платформа и ќе ги информира дека известувањето не е доставено.
Instagram конкретно ќе ги мотивира тинејџерите да ја користат функцијата Quiet Mode кога ќе се открие дека ја користат апликацијата доцна навечер. Но, не е прецизирано за кој временски период на користење станува збор, ниту што се подразбира под „доцни часови“. Портпаролката на Meta, Лиза Креншоу за The Verge изјави дека известувањето ќе се појави по „неколку минути“.
Исто така, натписот Quiet Mode ќе се прикаже во статусот, така што другите ќе знаат дека корисникот ја активирал функцијата. Од друга страна, кога корисникот ќе ја исклучи функцијата, ќе ги добива сите пропуштени известувања. Исто како и функцијата Quiet Mode на Facebook, корисникот може да програмира одредени периоди кога функцијата автоматски ќе се активира.
Новата опција доаѓа во време кога Instagram е под зголемени критики за нејзиниот ефект врз менталното здравје на тинејџерите, особено на тинејџерките. Внатрешните документи објавени од дојавувачот на Фејсбук, Френсис Хауген, велат дека компанијата открила дека Instagram ја влошува несигурноста поврзана со изгледот на телото кај една од три девојки, како и дека некои се „зависни“ од апликацијата.
Оттогаш, Instagram прави промени фокусирани на безбедноста на помладите корисници, вклучително и заострување на стандардните поставки за содржина за тинејџерите, обесхрабрување на содржината што тинејџерите постојано ја гледаат и воведува ограничувања за тоа како огласувачите можат да ги таргетираат тинејџерите.
Во согласност со својата цел да ги задоволи барањата на родителите, како и на оние кои не се љубители на неодамнешното фокусирање на видео платформите, Meta воведува голем број други начини за управување со препораките на Instagram. По тестирањето на оваа функција минатата година, Instagram го прошири своето „not interested копче“ кое им овозможува на корисниците да ја означат содржината што не сакаат да ја гледаат.
Instagram сега им овозможува на корисниците да окријат повеќе од еден тип на содржина од страницата Explore, што платформата нема да ги прикажува во Reels и пребарувањата. Исто така, можно е да се додаде листа на зборови, хаштагови или емотикони што корисникот сака да ги избегне во описите на препорачаните содржини на Instagram, слично на начинот на кој платформата веќе дозволува криење директни пораки со зборови што корисникот не сака да ги види.