Компанијата Samsung, односно нејзината филијала Samsung Display разви нов прототип на смартфон на преклоп со шарка што може да ротира за 360 степени, а овој дизајн би можело да ја одреди насоката за мобилните телефони од овој тип.
Samsung Display, кој е одговорен за производство на екрани на Samsung, го покажа прототипот на екранот и шарката на CES. Станува збор за екран наречен Flex In & Out кој има способност да ротира за 360 степени, што значи дека може да ротира навнатре и нанадвор.Екранот има шарка со различен дизајн наречен water-drop што создава значително помалку видлива бразда. Овој дизајн му овозможува на екранот да формира „полабава форма“ како капка вода кога е свиткан навнатре. Посуптилната шарка, исто така, би предизвикала помал стрес на екранот.
Сепак, можно е новиот дисплеј да биде дел од Galaxy Z Fold 5 уредот на Samsung, што би решило некои проблеми како што е истакнатата бразда присутна кај претходните уреди. Кога ќе се појави Galaxy Z Fold 5, сè уште не е познато. Samsung ќе ја претстави серијата Galaxy S23 на настанот Galaxy Unpacked закажан за 1 февруари.
Во 2021 година, Samsung Display го покажа прототипот за Flex In & Out, но пристапот беше различен бидејќи екранот се преклопуваше во форма на буквата „S“ во неколку сегменти. Меѓутоа, линијата Fold на Samsung сè уште користи екрани кои се преклопуваат само во една насока.