Астрономи тврдат дека новооткриените ѕвезди се дваесет пати потопли од нашето Сонце, поради што се рангирани меѓу најжешките небесни тела во нашата галаксија. Но, тоа не е сѐ.
Меѓународен истражувачки тим предводен од астрономот Сајмон Џефри од опсерваторијата Армаг во Северна Ирска откри осум ѕвезди за кои анализата покажа дека се најжешките во нашиот универзум. Бидејќи, како што тврдат, нивните површини се загреваат од 100.000 степени Целзиусови па нагоре – што е огромна разлика во споредба со Сонцето, чија површинска температура е околу 5.800°C.
Со испитување на собранмите на податоци добиени со Јужноафриканскиот голем телескоп, целта на научниците беше првенствено да ги проучуваат еволутивните фази на ѕвездите како што се белите џуџиња. Меѓутоа, за време на анализата, истражувачите откриле потџуџиња богати со хелиум – придружници на белите џуџиња, кои го согоруваат споменатиот хемиски елемент. По што откриле дека покрај жешките потџуџиња, во нашата галаксија има и осум најжешки бели џуџиња.
The formation of Black Hole from White Dwarf. The most massive stars, with eight times the mass of the sun or more, will never become white dwarfs. Instead, at the end of their lives, white dwarfs will explode in a violent supernova, leaving behind a neutron star or black hole. pic.twitter.com/Kj3eVZlBxK
— Surabi Hossain Shanta (@Su_Hossain) October 19, 2022
„Сите овие ѕвезди се во многу напредна фаза од нивниот животен циклус и се приближуваат кон смртта“, тврди еден од истражувачите, астрономот Клаус Вернер од Институтот за астрономија и астрофизика при Универзитетот во Тибинген.
Најжешкото бело џуџе што е откриено е наречено SALT J213742.6−382901 и неговата површинска температура е околу 180.000 степени Целзиусови. Се смета за импресивно откритие бидејќи ѕвездите со површинска температура над 100.000 се исклучително ретки.
Сто пати посветли од Сонцето
Тие не само што имаат високи температури на површината, туку и светат со силен интензитет, до сто пати посилно од нашето Сонце. Меѓутоа, бидејќи се на оддалеченост од 5.000 до 22.000 светлосни години од Земјата – за разлика од Сонцето, кое е оддалечено околу 8 светлосни минути – овбие ѕвезди не можат со голо око да се видат на ноќното небо.
Една од ѕвездите, која истражувачите ја нарекоа SALT J203959.5−034117, има уште една посебна карактеристика – таа е централна ѕвезда на новооткриената планетарна маглина со дијаметар од 1 светлосна година. За разлика од другите новооткриени небесни тела, за кои се смета дека се осцилирачки ѕвезди. Затоа, заклучокот на научниците е дека поради високиот степен на развој и посебните својства, осумте супержешки ѕвезди би можеле да придонесат за разбирање на доцните фази на развојот на ѕвездите.
Истражувањето е објавено во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.