Има уште многу време до премиерата на следната генерација на паметни телефони на Apple, но тоа не не спречува постојано да бидеме сведоци на гласини и информации поврзани со идната iPhone 15 серија. Најновите информции велат дека од новата iPhone 15 серија, само iPhone 15 Pro Max ќе има перископ објектив.
Потоа, следната година оваа функционалност ќе пристигне и на помалиот Pro модел. Информацијата доаѓа од јужнокорејското издание The Elec. Оттаму укажуваат и дека Apple може да го претстави овој додаток под името Folded Zoom.
Перископ оптиката овозможува поголем оптички зум во споредба со традиционалните телефото леќи. The Elec наведува и дека Apple ќе користи нов снабдувач за механизмите за оптичка стабилизација за iPhone 15 Pro Max. Компанијата ќе се потпира на LG Innotek и Jahwa Electronics, заменувајќи ги Japan Alps и Mitsumi.