OnePlus подготвува нов модел од серијата Nord, поточно достапниот Nord CE 3 модел. Неодамна се појавија наводни фотографии од уредот, на кои се гледа дизајн со рамна странична рамка и главна камера во два кружни делови.
Изминатата недела протекоа и некои од главните спецификации на телефонот. Се чини дека ќе нуди 6,7-инчен LCD екран, Full HD+ резолуција, поддршка за HDR10 и стапка на освежување од 120 Hz.
Може да видиме и Snapdragon 695 чипсет, 8 GB LPDDR4X и 256 GB простор за складирање фајлови. Главната камера ќе има сензор од 108 MP и два сензори од 2 MP за бока ефекти и макро снимки. Во однос на софтверот, тој е базиран на Android 13 со Oxygen OS.