Специјалното издание на DualSense за вработените доаѓа со препознатливите PlayStation икони и натпис „Play has no limits“
Вработените во PlayStation дивизијата деновиве беа изненадени од пакет кој содржи специјалнa верзија на DualSense контролер. Тоа е подарок што го добија од компанијата Sony за да ја одбележат успешната 2022 година.
„Вчера по пошта пристигна празничен подарок од PlayStation. Се работи за специјално направен контролер DualSense за вработените да ја прослават фантастичната 2022 година“, напиша на Twitter Арон Џејсон Еспиноза од Insomniac Games.
Имено, според фотографиите кои ги објави Еспиноза, DualSense контролерот за вработени е украсен со препознатливи PlayStation икони во боја, а на задната страна го има добро познатиот слоган за PlayStation 5 – „Play has no limits“.
Бидејќи специјалното пакување доаѓа и со држач за контролорот со броевите „2022“, се очекува колекционерите да издвојат многу пари за овој DualSense контролер, особено затоа што го добиваат само вработените.


