За да не станат жртва на вакви и слични кривично дело, полицијата ги советува граѓаните да ја проверат адресата на испраќачот на електронската пошта пред да одлучат да купат или да инвестираат онлајн.
За околу 35.000 евра е измамена 46-годишна Словенка, која во неколку наврати преку интернет вршела финансиски трансакции од нејзината сметка со компанија која се занимава со трговија на криптовалути, а за која се покажало дека е измамничка.
Полицијата на Приморје-Горски Котар во петокот соопшти дека во Опатија добила пријава од словенечка државјанка дека била жртва на компјутерска измама.
Таа во текот на ноември минатата година повеќепати вршела парични трансакции од нејзината сметка на т.н биткоин паричник, чии податоци ги добила од компанија која се занимава со трговија со криптовалути.
Имено, таквите паричници делуваат како посредник помеѓу корисникот и Blockchain мрежата и складираат информации за имотот, вклучувајќи ја адресата и јавниот и приватниот клуч.
И покрај уплатата од околу 35.000 евра на сметката објавена на веб-страницата на компанијата, сметката на Словенката останала празна и таа сфатила дека е измамена.
За да не станат жртва на вакви и слични кривични дела, полицијата ги советува граѓаните да ја проверат адресата на испраќачот на електронската пошта пред да одлучат да купат или да инвестираат онлајн.
Треба да проверат и дали воопшто постои правно или физичко лице што се занимава со трговија, а посебно да не ги испраќаат личните податоци или податоците од банкарската картичка на нивно барање.