Претходно оваа недела, објавивме дека Redmi се подготвува да претстави уште еден член од Note 12 серијата, кој руши рекорди на продажба. Станува збор за модел кој би бил најевтин член во серијата – Redmi Note 12 4G. Покрај него, се чини дека кинеската компанија планира да претстави уште еден телефон од оваа серија, кој би требало да биде блиску до врвот кога се во прашање цените на моделите од Note 12 серијата.
Станува збор за Redmi Note 12 Turbo., а последните гласини укажуваат дека најпрвин ќе биде претставен во Кина, но се очекува да стигне и на светскиот пазар, веројатно под брендот Poco.
Redmi Note 12 Turbo, наводно, ќе пристигне со некои карактеристики кои досега не биле дел од модел на Note. Се известува дека ќе има скенер за отпечатоци под екранот. Наводно, смартфонот ќе биде опремен со AMOLED екран со дијагонала од 6,67 инчи FHD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот изнесува 120 Hz.
Она што друго би можело да го издвои овој телефон од другите модели на Note 12 е чипот. Така, наводно, може да се напојува со Qualcomm Snapdragon 7 Gen 2 чип.
На задната страна, телефонот може да пристигне со три сензори за камера. Главниот сензор треба да биде оној од 50 MP. Ќе му се придружи ултраширок сензор, а можеби и макро сензор. Батеријата од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W ќе биде одговорна за автономијата на телефонот.
Се очекува дека наскоро ќе дознаеме повеќе детали за Redmi Note 12 Turbo. Redmi наскоро може да го објави датумот на лансирање на овој телефон.