Бидејќи iPad Pro не е визуелно освежен од 2018 година, корисниците со нетрпение очекуваат некоја значајна промена. Според познатиот новинар Марк Гурман од Bloomberg, тоа би можело да се случи следната година
Иако Apple го претстави iPad Pro со M2 чип пред неколку месеци, најмоќниот таблет на компанијата сè уште го има дизајнот од 2018 година. Но, според извештајот на репортерот на Bloomberg и долгогодишен аналитичар на Apple, тоа би можело да се промени во 2024 година.
Имено, Гурман во своето неодамнешно издание на билтенот Power On најави дека оваа година ќе биде „слаба“ кога станува збор за iPad. Сепак, работите би требало да станат значително повозбудливи во 2024 година.
„Не гледам некои поголеми ажурирања на iPad mini и iPad Air кои доаѓаат во 2023 година. iPad Pro сигурно нема да добие ништо вредно за споменување оваа година. Наместо тоа, следната пролет доаѓа голема надградба на iPad Pro, со освежен дизајн и OLED екрани“, тврди Гурман.
Засега не е познато како ќе изгледа новата верзија на iPad Pro, но доколку се суди според претходните гласини, алуминиумскиот едноделен дизајн би можел да биде заменет со стаклен на задната. Се зборуваше и за долгоочекуваната поддршка за MagSafe, а гласините за OLED дисплејот започнаа дури во декември минатата година.