Веќе некое време се шпекулира дека Sony работи на нов модел на PlayStation 5. Со оглед на досегашната пракса на компанијата, се очекува наскоро да биде претставен нов модел.
Според најновиот извештај кој се повикува на извори блиски до јапонската компанија, Sony планира да го лансира моделот PlayStation 5 Pro во првата половина на оваа година, поточно тоа би можело да се случи во текот на четвртиот месец.
Ако тоа се случи во април годинава, би поминале приближно две и пол години од претставувањето на првата и засега единствена верзија на PlayStation 5.
Во извештајот се наведува дека конзолата навистина ќе се вика PlayStation 5 Pro, а не PlayStation 5 Slim како што се шпекулираше претходно. Се очекува новата конзола да понуди подобрени перформанси, а тоа пред се значи новиот APU чипсет од AMD. Наводно, дури се можни и некои промени во дизајнот, но најверојатно тоа ќе бидат мали корекции.
Една од клучните промени може да биде системот за управување со топлина, се пренесува во извештајот.
Додека ја чекаме презентацијата на новата верзија на PlayStation 5, се чини дека дотогаш ќе имаме стабилно снабдување со стандардниот PlayStation 5. Имено, Sony неодамна објави дека секој што сака да поседува PlayStation 5 треба да може да го најде многу полесно во иднина во продавниците ширум светот. Така, конечно се очекува дека PlayStation 5 ќе биде широко достапен и дека повеќе не треба да чекаме долго време на испорака и да плаќаме повисоки цени.
Инаку, Sony продаде околу 30 милиони примероци од конзолата PlayStation 5, а најголема продажба е забележана на крајот на минатата година.