Најавено е отпуштање на околу шест проценти од вработените, а ќе добијат отпремнина во висина на пет плати
Промената е единствена константа, стои на почетокот на пораката која основачот и CEO на Spotify, Даниел Ек ја испратил до вработените во компанијата. А таа промена, овој пат, не е добра.
Последните неколку месеци отказите станале константа во технолошката индустрија и без работа останале десетици илјади луѓе во големите компании како Meta, Amazon, Alphabet, Microsoft, како и во бројни помали компании и стартапи. На тој растечки број на компании сега се приклучи и Spotify.
Технолошкиот гигант вработува нешто помалку од 10.000 луѓе, најмногу во САД и во Шведска, а како што наведува Ек, откази ќе добијат околу шест проценти од вработените, што значи околу 600 луѓе. Најавил дека неколку часа откако ја пратил таа порака започнале и разговори со вработените кои ќе останат без работа. Тие ќе добијат отпремина во висина од пет месечни плати и ќе го задржат здравственото осигурување.
Ек преземал целосна одговорност за потезите кои довеле до оваа ситуација. Напишал дека, како и многу лидери, се надевал дека компанијата ќе го задржи замавот кој го имала во текот на пандемијата и дека широкиот глобален бизнис, како и нискиот ризик од забавување на огласувањето ќе ги заштити: Гледајќи наназад, бев преамбициозен во инвестиции пред растот на нашите приходи. И затоа денеска ја намалуваме базата на нашите вработени за околу шест проценти.
Меѓутоа, компанијата ја напушта и директорката за содржини Дан Остроф, на која и припаѓаат големи заслуги за зголемувањето на огласувањето и за привлекувањето на бројни познати личности кои своите поткастите ги објавуваат на Spotify, како Џо Роган, Барак Обама, Ким Кардашиан, принц Хари и други.
По веста за отказите во компанијата, акциите на Spotify пораснале за повеќе од 3 проценти.