Кинескиот технолошки гигант Xiaomi веќе некое време, многу добро работи на глобалниот пазар на паметни телефони. Нивниот најнов флегшип телефон Xiaomi 12S Ultra, кој не се продаваше тука, беше меѓу првите што донесе камера сензор од 1 инч на смартфон. Овој пат, водечкиот уред на Xiaomi ќе биде број еден во однос на осветленоста на екранот.
Основачот на компанијата која е омилена меѓу голем број љубители на смартфони, Леи Јун веќе некое време се фали со најновото достигнување на неговата компанија, телефонот Xiaomi 13 Pro. Може да се види дека често го користи на својот профил на Weibo, каде постојано се фали со него.
Според претходните извештаи, иако Xiaomi 13 Pro достигнува 1900 нита осветленоста на екранот, потрошувачката на енергија од екранот е намалена за 22 проценти. Покрај подобрувањата на чипсетот и другите делови на телефонот, тоа е можно бидејќи новиот модел ќе доаѓа со најновиот материјал за екранот Е6 произведен од Samsung. Материјалот E6 е шестата генерација на подлога произведена од Samsung, а се работи за слојот што емитува светлина кој има најголем ефект врз зголемувањето на осветленоста.
Овој тип на екран може да се најде во повеќето најнови телефони од високата класа, како што се Vivo X90 Pro+, iQOO 11, па дури и iPhone 14 Pro Max. Овој слој е многу важен за OLED екраните, бидејќи покрај осветленоста директно го одредува квалитетот на приказот на екранот.