Со новата изворна апликација, корисниците на WhatsApp на macOS ќе имаат пофлуидно искуство, благодарение на подобрата оптимизација
Корисниците на Windows ја добија оригиналната апликација WhatsApp во август минатата година, а истото ги чека и оние кои ги користат компјутерите на Apple со Big Sur верзијата на macOS и подоцнежните изданија.
Имено, оригиналната апликација WhatsApp за macOS влезе во отворено бета тестирање и веќе може да се преземе од официјалната веб-страница на компанијата. Бидејќи ова не е последното издание, WhatsApp предупредува на одредени багови.
Како што пренесува WABetaInfo, новиот WhatsApp за macOS е изработен со помош на Mac Canalyst, поради што нуди подобро корисничко искуство. На тој начин, апликацијата е целосно оптимизирана за Mac хардвер, а таков е и целокупниот визуелен дизај,н благодарение на воведувањето на страничната лента со алатки и можноста за drag and drop.
Корисниците повеќе нема да мора да имаат смартфон поврзан со мрежата, за пораките да се синхронизираат помеѓу мобилниот телефон и десктоп апликацијата, што е долгоочекувана промена. Повеќе информации се достапни на страницата на официјалниот центар за помош на WhatsApp.