Оваа недела, Apple го претстави iOS 16.3 на компатибилните паметни телефони на iPhone. Во меѓувреме, очекуваме наесен да се појави следната генерација на оперативниот систем iOS 17.
Иако дотогаш има уште многу време, веќе сме сведоци на одредени гласини поврзани со новата верзија на оперативниот систем. iOS 17 веројатно нема да воведе значителни визуелни промени и можеби ќе биде идентичен со iOS 16.
Наместо тоа, ќе се фокусира на подобрена стабилност и перформанси, како и поддршка за идниот уред за мешана реалност Reality Pro. iOS 17 ќе вклучува посебна апликација за уредот, која според концептот ќе биде слична на апликацијата Watch, но со поголема функционалност.
Се очекува редизајн на апликацијата Home, како и поограничена промена за Find My и Music. Од друга страна, Mail ќе биде малку поедноставен, а ќе се направат подобрувања на Reminders и Files. Заедно со останатите компатибилни модели, iOS 17 ќе може да работи на шест уреди со Dynamic Island. Два од нив се iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, а останатите најверојатно ќе бидат сите смартфони од iPhone 15 серијата.
Другите информации од кодот на iOS 17 укажуваат дека новите уреди ќе имаат USB C порт, а Phone 15 Pro Max може да понуди подобар софтвер за обработка на слики и систем за ладење од помалиот iPhone 15 Pro.