Новата функција може да биде корисна ако редовно споредувате документи или веб-страници. Се тестира на macOS, Linux и Windows, нудејќи подобра функција за управување со табовите на веб-прелистувачот
Новата функција ќе ви овозможи споредба на два таба еден до друг во еден прозорец на веб-прелистувачот.
Дека нешто се случува овде откри Leopeva64-2 на Reddit, тестирајќи ја оваа експериментална карактеристика на веб-прелистувачот Microsoft Edge.
Кога функцијата е активирана, до лентата за адреси се појавува ново копче кое ви овозможува да го поделите прозорецот Edge на два посебни таба кои се еден до друг.
Откако постојните табови ќе се поделат во еден прозорец, се создава единствена картичка со комбинација од тие два таба, известува The Verge.
Иако ова може да се постигне со помош на вградените поделени прикази на оперативниот систем Windows, новата функција го постигнува тоа со само еден клик и без потреба од отворање нов прозорец на прелистувачот.