По паметните телефони, OCTA екраните доаѓаат и на преносните компјутери.
Samsung Display, производител на екрани за многу компании, вклучително и матичната компанија Samsung Electronics, објави дека започнал со масовно производство на нов тип OLED екран чувствителен на допир за лаптопи, кој го нарекува On Cell Touch AMOLED (OCTA).
Она што ја разликува оваа технологија од претходните е тоа што сензорите за допир се вградени во самиот панел, наместо да лепат тенок филм над постоечкиот панел кој може да регистрира допири со прстите. Со тоа што не користи филм, кој претставува 6 до 11% од дебелината на екранот, Samsung Display тврди дека технологијата OCTA е поеколошко решение отколку што беше претходно, како и дека е значително полесна и потенка.
OCTA екраните за лаптопи ќе поддржуваат и стапка на освежување од 120 Hz. Високите стапки на освежување веќе играат огромна улога во автономијата на батеријата, но бидејќи новите панели се исто така AMOLED, нема сомнеж дека новата технологија ќе ја видиме во потенки и полесни лаптопи, кои имаат помалку простор за голема батерија и посериозн системи за ладење.
Samsung Display вели дека панелите ќе дебитираат на најновата серија лаптопи на Samsung Galaxy Book, кои ќе пристигнат во февруари и кои ќе бидат „многу преносливи“. Се очекува матичната компанија да ги претстави на настанот Unpacked, заедно со телефоните Galaxy S23.
Претходно ја видовме технологијата OCTA кај паметните телефони, а производителот ја претстави уште во 2010 година. Доколку дизајнот се покаже успешен кај лаптопите, компаниите би можеле да искористат малку повеќе простор за да инсталираат поголеми батерии, подобро ладење и поголем избор на порти отколку што е моментално случајот со лаптопите кои користат OLED екрани.