Samsung беше првиот што претстави паметни телефони со Gorilla Glass Victus стакло, неговата Galaxy S22 серијта беше првата што имплементираше подобрено Victus+ стакло, а сега историјата се повторува.
Претстојната Samsung Galaxy S23 серија ќе биде првата што ќе има Gorilla Glass Victus 2.
Втората верзија на гореспоменатото стакло е дизајнирана да „преживее“ падови, вклучувајќи многу груби површини како бетон, од висина од еден метар или висина на колковите. Исто така, уредите заштитени со ова стакло треба да „преживеат“ паѓајќи на асфалтот од висина до два метра.
Gorilla Glass Victus 2 стаклото содржи во просек 22 проценти рециклиран материјал, поради што ја доби ознаката за Environmental Claim Validation.
Во соопштението за медиумите се дадени нејасни детали, а ниту S23 не е јасно спомнат. Сепак, со оглед на датумот на претставување на Galaxy S23 серијата, односно 1 февруари, нема сомнеж дека ова стакло ќе дебитира со новите уреди на Samsung.
Victus 2 стаклото ќе ги заштити предната и задната страна на телефонот, исто како стаклото Victus+ и серијата S22.
„Посветени сме на интегрирање на одржливоста во текот на целиот животен циклус на производот, работејќи со партнери истомисленици како Corning, за да ги подобриме перформансите додека го намалуваме влијанието врз животната средина. Следните Galaxy телефони ќе бидат првите што ќе користат Corning Gorilla Glass Victus 2, нудејќи подобра издржливост и подобрена одржливост“, рече Стефани Чои, извршна потпретседателка и главна маркетинг директорка во Samsung.