Google на корисниците на својот веб-прелистувач Chrome моментно им испраќа ажурирање што ќе им овозможи, со биометриска заштита на телефонот, дополнително да го заштитат пристапот до табовите на прелистувачот во анонимен прозорец,
Chrome Incognito или анонимен прозорец, ако го користите веб-прелистувачот на Google, може да биде корисен ако сакате да прегледате некои содржини на интернет што не сакате да останат во вашата историја на Chrome. Инкогнито режимот не ја памети вашата историја на прелистување, но ако заборавите да го исклучите тој таб и некој го добие вашиот телефон, ќе може да види на кои „незгодни“ страници сте сурфале.
Во својот последен блог пост, Google информираше дека новитетот е веќе достапен за корисниците на iOS, а сега доаѓа и за корисниците на Android. Ако ја вклучите заштитата, некој што го користи вашиот телефон нема да може да го отвори прелистувачот и да види што сте гледале приватно.
Опцијата „Заклучи ги инкогнито табовите кога го затвораш Chrome“ го прави она што го сугерира името – може да отворите инкогнито табови, но ако се префрлите на друга апликација, ќе мора да го отклучите Chrome кога ќе се вратите за да стигнете до скриените табови. Ова може да го направите со PIN за да го отклучите телефонот или со биометриски податоци како што се отпечатокот од прст или лицето. Сепак, секој што има пристап до вашиот уред сè уште може да ги гледа вашите вообичаени табови без да го отклучи.
За да ја овозможите функцијата, одете до трите точки во горниот десен агол и кликнете Chrome Settings → Privacy & Security → Turn ON Lock incognito tabs when you close Chrome.