Како и што се очекуваше, Honor го најави својот голем настан кој ќе се одржи на 27 февруари за време на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.
Од компанијата Honor официјално потврдија дека ќе биде претставена серијата Magic 5, како и дека Magic V конечно ќе пристигне на глобалната сцена.
Пристигнувањето на паметен телефон на преклопување воопшто не е изненадување, бидејќи Тони Ран, претседателот на Honor во Европа, веќе вети дека уредот ќе се појави во првиот квартал на 2023 година.
За оние кои нема да бидат присутни на MWC ќе биде обезбеден директен пренос на интернет.
Серијата Honor Magic 5 треба да вклучува три смартфони со процесор Snapdragon 8 Gen 2, поточно основниот модел, Pro и Ultimate, но можно е да видиме и Lite верзија со Snapdragon 695 процесор.