Имет Имери од Скопје е добитник на најновиот модел Опел Астра, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком „Телеком наградува“. Имет е припејд корисник на Македонски Телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил.
Во наградната игра којашто траеше од 21.11.2022 до 09.1.2023 учествуваа 52.000 припејд и постпејд приватни корисници, со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK, а секој регистриран учесник добиваше и 5 GB мобилен интернет.
Освен главната награда, Опел Астра, Македонски Телеком доделуваше и по еден T Phone смартфон дневно, со што вкупно се доделени 50 TPhone смартфони.
Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.