Google неодамна ja претстави SafeSearch опцијата, што значи дека корисниците кои не се логирани, односно постари од 18 години, нема да можат да гледаат експлицитни фотографии.
Криењето на ненагодени содржини не е ништо ново, па експлицитните глетки на многу платформи веќе се замаглени. Сега и во резултатите на Google пребарувањето ваквите фотографии автоматски ќе се контролираат, за интернетот да стане барем малку побезбеден. Тука се и другите корисни додатоци, како подобра контрола на лозинките и податоците од платежните картички.
Новите опции во нагодувањето до корисниците би требало да пристигнат во текот на наредните месеци, па експлицитните фотографии автоматски ќе се кријат и за оние кои не вклучиле SafeSearch. Оние кои сепак ќе кликнат View, ќе можат да ја погледнат фотографијата, но на сопствена одговорност.
Корисниците кои сакаат попрецизни нагодувања ќе можат да влезат во Manage Settings и да изберат една од трите понудени опции: Filter (експлицитни содржини воопшто нема да се појавуваат во резултатите), Blur (се појавуваат, но замаглени) и Off (корисникот може да види се, дури и експлицитни фотографии).
За логираните корисници кои не се полнолетни автоматски се вклучува SafeSearch кој блокира порнографски содржини, сцени од насилство, и други.