Галаксиите постојат во различни форми и големини, но основната структура е главно иста. Во средината обично се наоѓа голема црна дупка, а околу полно ѕвезди, гас и огромна количина темна материја која служи како лепило за сите тие составни делови. Иако, темната материја е темна, галаксиите се осветлувани од ѕвездите, гасовите и загреаните материјали.
Но, тоа не важи за новооткирената џуџеста галаксија оддалечена од нас 94 милиони светлосни години. FAST J0139+4328 не имитира никаква видлива светлина. Се работи за ткн. темна галаксија која речиси целосно, освен мал број ѕвезди, е составена од темна материја.
„Откривме докази кои укажуваат дека FAST J0139+4328 е изолирана темна џуџеста галаксија. Ова е прв пат да откриеме таква галаксија во блиската вселена“, велат астронномите од Кинеската академија на науки.
Мистеријата на темната материја
Темна материја е назив за материјата во вселената која не емитира, ниту рефлектира електромагентно зрачење, поради што не можеме да ја видиме. Таа засега е најдобро објаснување за проблемот со недостаток на видливи гравитациски сили потребни галаксиите да се одржат на куп.
Имено, нема доволно видлива материја за масата која е потребна за врзување на ѕвездите во галаксијата во галактички групи. Ако не постои темната материја, галаксиите би се однесувале поинаку или воопшто не би се формирале. Веројатно би биле распрскани ако со гравитацијата не ги „лепи“ некој невидлив фактор.
Темната материја всушност, е добро осмислен назив за нешто што нам речиси па да ни е непојмливо. За неа не знаеме многу. Изгледа дека не емитира зрачење кое можеме да го детектираме со технологијата со која располагаме и дека не стапува во интеракција со нормалната материја на ни еден друг начин освен со гравитација.
Но, и теоријата за темната материја има свои недостатоци. Еден од проблемите е несложувањето меѓу симулацијата на дистрибуција на темната материја во вселената со бројот на џуџести галаксии кои кружат околу поголемите. Во вселената има многу помалку џуџести галаксии отколку што тоа го предвидуваат симулациите.
Потрагата по темната материја
Вистина, можно е некои од нив да не можеме да ги детектираме затоа што главно се состојат од гасови и темна материја. Ако во вселената пронајдеме доволен број такви галаксии, би се решил главниот проблем околу постоењето ан темната материја (добро, освен оној што не моеме да ја видиме и дека не знаеме за што всушност се работи).
Идеалниот кандидат за таква темна галаксија би бил изолиран, односно би лебдел, сам вовселената, за да не можеме да го замениме за некој друг објект. Затоа кинеските научници тргнаа во потрага по таква структура, што не беше лесна задача со оглед на тоа дека практично е невидлива.
Со помош на телескопот FAST (Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope) во меѓугалактичкиот простор бараа радиоемисии на големи облаци неутрален атомски водород (HI)кој е во согласност со карактеристиките на галаксијата. И успеаја. На оддалеченост од 94 милиони светлосни години воочија радиобранови од HI облаци кои биле во согласност со изгледот на ротирачка галаксија.
Притоа не забележале никаква видлива светлина. Дополнителните набљудувања во инфрацрвено и ултравиолетово зрачење открија слаби дамки од некои ѕвезди. При анализа на податоците, астрономите пресметаа дека галаксијата има горна граница од 690.000 ѕвезди до доларна маса и HI од 83 милиони соларни маси. Вкупната барионска маса на галаксијата изнесувала околу 110 милиони соларни маси.
Се чека дополнителна проверка
Но тоа е само мал дел од тоталната маса на FAST J0139+4328. Научниците ја пресметаа брзината на ротацијата на оваа галаксија и заклучија дека нејзината вкупна маса изнесува 5,1 милијарда соларни маси. Тоа би значело дека темната материја сочинува 98 отсто од галаксијата.
Секако, сега ова откритие треба да го потврдат независен тим стручњаци, за со сигурност да се покаже дека се работи за темна галаксија. Имено, во 2016 година научниците заклучија дека галаксијата Драгонфлај 44 се состои од 99,99 отсто темна материја. Но, четири години подоцна, по детална обработка на податоците, утврдено е дека уделот на темната материја во неа е многу помал.
Истражувањето се нарекува „Откривање на изолирана темно џуџеста галаксија во блискиот универзум“ (Discovery of an isolated dark dwarf galaxy in the nearby universe) и наскоро ќе биде објавено во магазинот The Astrophysical Journal Letters.