Во споредба со S22 Ultra, годинашниот Galaxy S23 Ultra е потешко да се изгребе, благодарение на Gorilla Glass Victus 2 стаклото. Сепак, треба да се избегнува фрлање на паметниот телефон на бетон
Покрај подобрениот чипсет и систем на камери, Galaxy S23 Ultra поседува и нова генерација на Gorilla Glass Victus 2 стакло, која треба да го заштити од гребнатини и удари. Сепак, колку навистина е издржлив флегшип смартфонот на Samsung, тестираше YouTube каналот PBKreviews.
Тестирањето започна со потопување на Galaxy S23 Ultra во контејнер со вода. Со оглед на тоа што мобилниот телефон има IP68 сертификат, тој преживеа три минути капење без никакви тешкотии. Издржливоста на Gorilla Glass Victus 2 се виде кога дојде време да се тестираат гребнатини со монети и клучеви, односно работи кои корисниците најчесто ги носат во џебот заедно со своите смартфони.
И покрај гребнатините, монетите и клучевите не успеаја да го оштетат екранот на Galaxy S23 Ultra. Гребнатините направени со поостар предмет се појавија на осмото ниво на мосовата скала со подлабоки знаци на оштетување на ниво девет. За споредба, минатогодишниот Galaxy S22 Ultra издржа до седмото ниво без гребнатина.
Gorilla Glass Victus 2 се наоѓа и на задната страна на телефонот, така што издржливоста од гребнатини е иста како на екранот. Сепак, паѓањето на телефонот од висина на половината на бетон не му одеше најдобро на Galaxy S23 Ultra. Екранот веднаш се скрши, но ако ништо друго, теефонот на Samsung сè уште можеше да се користи.