Memory приказните моментно се во процес на тестирање и наликуваат на нивната веќе постоечка опција за архивирање само на посугестивен начин
Instagram тестира нова функција која има за цел да им даде подиректен поттик на корисниците повторно да ги споделат своите минати приказни, по примерот на функцијата „На овој ден“ на Facebook, што доведе до поголем ангажман на социјалната мрежа.
Информациите за ова ги сподели Џек Хорвуд на Твитер, каде меѓу другите приказни може да се види и новата опција „Memory“. Со кликнување на оваа функција ќе се прикажат сториите што биле објавени околу тој датум.
Употребата на Instagram Stories, наводно е намалена за 10 procenti во споредба со претходните периоди, објави SocialMediaToday, бидејќи корисниците повеќе се фокусираат на видео содржините како што се Reels, кои забележаа раст на ангажманот.
Адам Мосери од Instagram веќе спомена дека корисниците при делењето на содржини од главниот feed се префрлиле на приказните, а се чини дека со оваа функција сака да ги поттикне да споделуваат уште повеќе.