Заедно со Samsung Galaxy S23 серијата, на почетокот на месецот Samsung претстави нова сабверзија на својот кориснички интерфејс – One UI 5.1. Изненадувачки брзо, оваа надградба се најде на минатогодишните флегшип телефони од јужнокорејската компанија.
Samsung веќе почна со објавување на One UI 5.1 ажурирањето за паметните телефони Samsung Galaxy S22, Samsung Galaxy Z Fold 4 и Samsung Galaxy Z Flip 4.
И покрај тоа што се очекуваше оваа надградба да почне да се прикажува за корисниците на овие уреди следната недела, Samsung уште денес почна да ја објавува оваа надградба, што секако е добра вест за корисниците на овие телефони.
Samsung Galaxy S22 серијата беше претставена на почетокот на минатата година со Android 12 и One UI 4.0, исто како и флексибилните Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4, кои беа објавцени во втората половина на годината.
Кога станува збор за тоа што ќе им донесе надградбата на овие телефони, исто како и досега, сабверзиите не носат големи промени. Сепак, Samsung подготви еден куп мали иновации кои ќе го олеснат користењето на Galaxy уредите.
Беа направени мали промени во апликациите Камера и Галерија. Така, корисниците сега ќе можат полесно да ја менуваат нијансата на селфи фотографиите преку копчето Ефекти од страната на екранот. Дополнително, корисниците ќе имаат побрз пристап до апликацијата Expert RAW преку менито Advanced. Што се однесува до апликацијата Галерија, таа сега ќе препорача додавање фотографии во семејниот албум преку препознавање на лицата на членовите на вашето семејство. Уредникот на фотографии сега автоматски ќе ги отстранува сенките и рефлексиите за уште подобри фотографии.
One UI 5.1 ќе донесе неколку нови додатоци, а некои опции за поврзување се подобрени.