Xiaomi ќе ја лансира својата нова Xiaomi 13 серија паметни телефони на меѓународно ниво на 26 февруари. Очекуваме на настанот да ги видиме веќе познатите Xiaomi 13 и 13 Pro од Кина. Сепак, може да им се придружи уште еден модел.
Станува збор за Xiaomi 13 Lite, кој се чини дека не е целосно нов модел и би можел да биде ребрендирана верзија на Civi 2. Наводната фотографија од телефонот покажува AMOLED екран од 120 херци, тројна главна камера со сензор од 50 MP, чипсет Snapdragon 7 Gen 1 и брзо полнење до 67 вати.
#Xiaomi 13 LITE GLOBAL 🌐 (REBRANDED CIVI 2 🇨🇳) LIVE LOOKS 👀 pic.twitter.com/zYbsr6Ssee
— TECHNOLOGY INFO (@TECHNOL0GYINFO) February 12, 2023
Може да има и до 12 GB RAM, 256 GB простор за складирање фајлови и поддршка за Dolby Atmos. Тројната камера најверојатно ќе биде надополнета со сензор од 20 MP со оптика со ултраширок агол и 2MP за макро фотографирање. Селфи камерата ќе биде двојна со два сензори од 32MP, а батеријата ќе има капацитет од 4500 mAh.