Квадроторот „летечка риба“ има потенцијал за примена во истражување на ресурси, мисии за пребарување и спасување и инженерски инспекции
Кинеските истражувачи развија прототип на квадротор кој може да лета и плови под вода, што го прави погоден за широк спектар на примена.
Квадроторот „летечка риба“ (TJ-FlyingFish) е развиен од научници од Шангајскиот истражувачки институт за интелигентни автономни системи (Shanghai Research Institute for Intelligent Autonomous Systems) на Универзитетот Тонги и Кинескиот универзитет во Хонг Конг.
Според Xsinhua, дронот е тежок 1,63 килограми со меѓуоскино растојание од 380 милиметри и е способен да лебди во воздух шест минути или да плови под вода околу 40 минути.
Широк опсег на примена
Опсегот на работа се менува за различни медиуми со помош на единица за погон со две брзини, а векторирањето на потисок се постигнува со ротирање на погонската единица околу монтажната рака, подобрувајќи го нејзиното подводно маневрирање, велат истражувачите.
Квадроторот, меѓу другото, има потенцијал за примена во истражување на ресурси, мисии за пребарување и спасување и инженерски инспекции.