Безбедносен пропуст во софтверот што го напојува прелистувачот Safari им овозможи на хакерите да пристапат до iPhone уреди.
Ако сè уште не сте го ажурирале софтверот на вашиот паметен телефон iPhone на верзијата iOS 16.3.1, треба да го направите тоа итно. Иако ажурирањата се релативно чести, Apple овој пат го „закрпи“ безбедносниот пропуст за кој вели дека „може активно да се експлоатира“, што значи дека е можно хакерите веќе да го искористиле пропустот за да добијат пристап до телефоните на Apple.
Најголемиот проблем беше во Webkit, моторот на прелистувачот Safari, благодарение на кој напаѓачите можеа да пристапат до уредите. Apple, исто така, го „закрпи“ безбедносниот пропуст во кернелот што им овозможи на хакерите да добијат привилегиран пристап до уредите, но компанијата не знае дека некој успеал да го искористи пропустот.
Пропустот на Webkit го откри анонимен безбедносен истражувач, додека Apple им се заблагодари на Шинра Чи од Pangu Lab и Нед Вилијамсон од тимот на Google Project Zero за наоѓањето на пропустот во кернелот.
„Крпењето“ на безбедносните пропусти на уредите на Apple не е невообичаено, а користењето на најновиот софтвер често може да помогне во заштитата на корисниците од хакерски напади кои активно ги искористуваат софтверските недостатоци. Исто така, не е невообичаено да се види како компанијата Apple ги повикува своите корисници итно да ги надградат своите уреди, па видовме слично известување во август.
Ако сакате да го ажурирате вашиот уред на верзијата iOS 13.6.1, треба да одите во Settings > General > Software Update и потоа да го преземете и инсталирате најновото ажурирање.