До 31 декември 2022 година, Sony продаде вкупно 32,1 милиони конзоли за PlayStation 5. Само во последниот квартал од минатата година се продадени 7,1 милиони конзоли, што е за 3,1 милиони повеќе од истиот период од 2021 година, односно за 3,8 милиони конзоли повеќе од продажбите во К3 2022 година.
Заклучно со истиот датум, имало 46,4 милиони претплатници на PlayStation Plus, што е за 1,6 милиони помалку отколку на крајот на 2021 година. PlayStation Network имаше 112 милиони активни корисници во декември минатата година. Тоа е зголемување за 1 милион во споредба со истиот период во 2021 година.
Кога станува збор за софтверот, игрите за конзолите PS4 и PS5 се продадени во вкупно 86,4 милиони копии во текот на Q4 2022 година. Тоа е за 6,2 милиони копии помалку во споредба со Q4 2021 година (92,7 милиони продадени игри). Од нив, 20,8 милиони се игри на Sony, што е речиси двојно зголемување во однос на претходниот период. Во вкупната продажба на игри, 62 отсто одат на дигитални набавки, што е во согласност со претходните резултати.
Како резултат на зголемената продажба на конзоли, Sony ја ревидираше својата прогноза за првиот квартал од 2023 година, кога очекува да продаде 6,2 милиони повеќе конзоли. Помеѓу 1 април 2022 година и 31 март 2023 година, компанијата очекува да продаде вкупно 19 милиони конзоли. Сето ова укажува дека пазарот полека се стабилизира, а недостигот на чипови полека станува минато.