Минатата недела се појавија извештаи за рекордна претпродажба во Индија, а вчера беше откриено дека слична е ситуацијата и во Јужна Кореја.
Интересот за Samsung Galaxy S23 серијата, која според првите тестови се чини дека е многу подобра од претходната, најмногу поради чипот, е голем во Јужна Кореја. Локални извори јавуваат дека јужнокорејскиот технолошки гигант забележал 1,09 милиони преднарачки за модели од оваа серија. Ова претставува зголемување од 7 проценти во пред-нарачките во однос на Galaxy S22 серијата.
Дополнително, се работи за најголем број преднарачки досега за Galaxy S серијата во Азија. Со исклучок на Galaxy S уредите, само Galaxy Note 10 серијата од 2019 година имаше подобра претпродажба во текот на летото 2019 година.
Она што е особено интересно се нарачките по модел. Очекувано, најпорачуваниот модел е Galaxy S23 Ultra, чиишто преднарачки сочинуваат 60% од вкупниот број. Следи стандардниот Samsung Galaxy S23 со удел од 24%, додека најмалку нарачки има за Samsung Galaxy S23+ со удел од 16 проценти.
Пред претставувањето на оваа серија се појави информација дека следната година Samsung ќе се откаже од моделот Galaxy S+, а се чини дека сега има уште една причина за ваквата одлука.
Кога зборуваме за карактеристиките на Galaxy S23 уредите, тие годинава пристигнаа со поинаков дизајн (пред се стандардните и Plus моделите) во однос на претходната серија. Дополнително, Galaxy S23 и Galaxy S23+ пристигнуваат со поголеми батерии во однос на нивните претходници, но и со специјален чип од американската компанија Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 2 for Galaxy.