Microsoft објави ажурирање, со кое Internet Explorer засекогаш се оневозможува на Windows 10.
Софтверскиот гигант на 14 февруари засекогаш го згасна Internet Explorer, така што го оневозможи интернет прелистувачот преку Microsoft Edge ажурирањето на речиси сите верзии на Windows 10.
Microsoft официјално го „пензионираше“ Internet Explorer во јуни минатата година, отфрлајќи го во корист на Microsoft Edge, а поддршката е официјално укината за Internet Explorer 11.
Со најновото ажурирање, Microsoft Edge ќе се погрижи повеќе да не можете ни да го стартувате Internet Explorer 11 на повеќето клиентски верзии на Windows 10. Постојат некои специјални исклучоци, но за сите други IE 11 ќе исчезне засекогаш.
Технологијата што го покренува Internet Explorer ќе продолжи да добива поддршка. Оваа технологија го покренува IE режимот во Microsoft Edge, а компанијата вели дека ќе продолжи да го поддржува IE режимот за Edge барем до 2029 година.