На неколку часа од Сиетл, на место до коешто може да се пристапи само со чамци, научници од „Фрајдеј харбор“ лабораторијата при Универзитетот на Вашингтон размножуваат и проучуваат единки од загрозената тн. сончогледова морска ѕвезда (Pycnopodia helianthoides), по масовното нејзино истребување изминативе години.
Овие ѕвезди кои некогаш ги имало во изобилие долж брегот на Тихиот Океан од Мексико до Аљаска, сега се загрозен вид. Околу 90 отсто исчезнале од 2013 година, поради мистериозен синдром којшто може да биде предизвикан од климатските промени и повисоките температури во океанот. Лабораторијата на островот Сан Хуан во мигов одгледува 109 едногодишни, 23 двегодишни, 12 тригодишни сончогледови морски ѕвезди родени во установата и приближно 5.000 ѕвезди одгледани по заловување.
„Постојат показатели дека болеста можеби била поврзана со некои потопли води сево ова време“, вели Џејсон Ходин, научник од Универзитетот.
Tој е предводник на програмата од нејзиниот почеток во 2019 година и се надева дека еден ден ќе ги ослободи ѕвездите во природата.
„Сега ја водиме единствената програма за размножување во затворено на единствениот загрозен вид морски ѕвезди во светот“, додаде Ходин,
Досегашните испитувања со мали и подвозрасни сончогледови морски ѕвезди во лабораторија дадоа некои охрабрувачки резултати. Оваа ѕвезда, имено, ќе може да се справи со потопли води, според научниците.