Microsoft официјално одобри начин за стартување на Windows 11 на Mac компјутерите со процесори на Apple. Ова е овозможено со Parallels Desktop 18 за работа на ARM верзии на Windows 11 Pro и Enterprise за машини со M1 и M2 чипови.
Сепак, постојат ограничувања. Не е возможно да се стартуваат 32-битни ARM апликации бидејќи Microsoft го ограничува овој тип на софтвер во сите ARM-билдови на Windows. Ќе бидат потребни и соодветни драјвери.
Исто така, софтверските решенија кои бараат друго ниво на виртуелизација, како и игрите за кои е потребен најмалку DirectX 12 или OpenGL 3.3, нема да бидат достапни. Сепак, додавањето официјална поддршка го прави инсталирањето на Windows 11 помалку напорно.
За жал, сепак не ја гледаме истата компатибилност и поддршка како кај Apple Boot Camp.