Kомпанијата Nothing ги започна јавните тестови на Android 13 за својот Phone 1 уште во декември и два месеци подоцна е подготвен да им ја понуди на корисниците финалната верзија на Nothing OS со број 1.5. Засега, тој е достапен за тестерите како ажурирање од 157 MB до верзијата 1.5.2, која ги вклучува безбедносните закрпи од јануари.
Доколку се е во ред со софтверот и во него нема сериозни багови, дистрибуцијата на други уреди најверојатно ќе започне во наредните денови. Инаку, листата на промени на Nothing OS 1.5.2 не е воопшто мала и вклучува интересни дополнувања.
Тие вклучуваат нова апликација за временска прогноза, дополнителни опции за прилагодување, вклучувајќи нови звуци за Glyph light интерфејсот, подобрени анимации, оптимизиран интерфејс на камерата, до 71% побрзо стартување на апликациите, до 50 проценти намалена потрошувачка на енергија во мирување, подобрена точност на сензорот за отпечатоци итн.