Патентот на Samsung покажува паметен часовник кој има вграден проектор во куќиштето. Содржината би била проектирана на раката на корисникот и треба да се разликува од она што е прикажано на часовникот.
Компанијата Samsung во 2012 година го претстави Galaxy Beam, својот прв мобилен телефон со вграден проектор, а се чини дека оваа функционалност сака да ја донесe и на своите паметни часовници. Една јужнокорејска компанија поднесе патент што покажува концепт уред кој може да проектира информации од надворешноста на куќиштето.
Според концептните фотографии и описот на патентот, проекторот ќе има неколку леќи и LED емитери и ќе може да проектира слики и видеа на раката на корисникот. Информациите што ќе ги прикаже треба да се разликуваат од информациите прикажани на екранот на паметниот часовник, пишува GSM Arena.
Samsung наведува и дека LED диодите во проекторот можат да ја приспособат нивната осветленост и фокусна должина „во лет“ за да обезбедат оптимално прикажување на содржината. Во моментов не е познато дали Samsung воопшто ќе направи работен прототип на оваа патентна апликација, но секако станува збор за интересен концепт кој би можел да ги направи паметните часовници пофункционални.
Да потсетиме дека Apple неодамна патентираше Apple Watch кој има камера на долната страна на куќиштето. Корисниците би можеле да го користат само со помош на специјална нараквица со два слоја, едниот што го држи часовникот, а другиот кој се наоша околу раката. Прочитајте повеќе за тоа на следниот ЛИНК.
Apple патентираше камера за Apple Watch на долната страна од часовникот