Постојат различни начини на кои можете да го продолжите животниот век на вашата батерија, како и времето помеѓу полнењата.
Издржливоста на батеријата за многумина е една од најважните опции за која размислуваат при купувањето на нов паметен телефон.
За многумина, траењето на батеријата е една од најважните опции што ги земаат во предвид кога купуваат нов паметен телефон. Со оглед на тоа што денес поминуваме повеќе часови дневно на нашите уреди, секој процент од батеријата ни е важен, а постојат различни трикови и начини на користење на телефонот, односно полнење на батеријата, со што може да се продолжи времето помеѓу две полнења.
По повод денешниот Национален ден на батеријата, HMD Global, домот на телефоните на Nokia, објави седум совети како да го продолжите животниот век на батеријата на вашиот паметен телефон.
Одговорно полнење – кога користите полнач со висок напон, постојаното полнење на телефонот до максимум може да ја оптовари батеријата, па затоа се препорачува полнење помеѓу 80 и 90 проценти. Идеално би било, велат од Nokia, батеријата секогаш да биде наполнета помеѓу 30 и 80 проценти.
Исклучете ја локацијата – исклучувањето на услугата за локација ќе ја намали потрошувачката на батеријата, а ако ја користите услугата за мапи и GPS, поставете ги поставките за локација да се активираат само кога апликацијата е во употреба.
Батериите не работат добро на екстремна топлина или студ –секогаш кога можете, чувајте го телефонот на собна температура, бидејќи екстремно ниските температури може побрзо да ја трошат батеријата.
Избегнувајте полнење преку ноќ – полнете го телефонот во текот на денот кога и да можете, бидејќи ако телефонот остане приклучен на полначот преку ноќ, батеријата повторно ќе почне да се троши. Откако нивото на полнење ќе падне под одреден праг поставен од производителот, тој повторно ќе се полни, што може да го забрза распаѓањето на батеријата.
Искористете ги предностите на достапните поставки на телефонот –паметните телефони доаѓаат со различни претходно дефинирани поставки дизајнирани да заштедат батерија, така што во зависност од производителот и моделот на телефонот, користејќи опции како што се Battery Saver, адаптивна батерија и други, потрошувачката на батеријата може да се намали. Исто така, во некои случаи, активирањето на темниот режим може да има позитивен ефект врз траењето на батеријата.
Одржувајте го телефонот ажуриран – Покрај ажурирањата кои честопати носат нови функции и безбедносни надградби, понекогаш надградбата на софтверот на телефонот може да помогне во решавањето на проблемите со трошењето на батеријата.
Следете ја состојбата на батеријата преку апликацијата „Мој уред“ –сопствениците на паметните телефони на Нокиа имаат апликација која може да се користи за следење на здравјето на телефонот и дијагностика која меѓу другото ја вклучува и состојбата на батеријата.

