На аукција која заврши вчера, оригинален неотворен iPhone од 2007 година беше продаден за нешто повеќе од 63.000 долари. Станува збор за модел од 2007 година, кој е во фабричка амбалажа, со целата заштитна фолија. Тогаш немаше вакуумско пакување.
Оваа верзија е исто така ретка по тоа што има 8 GB внатрешна меморија, а уште во 2007 година требаше да издвоите 600 долари за овој телефон. Аукцијата започна на 2 февруари и заврши вчера, а интересно е што телефонот и припаѓал на уметничката Керен Грин, која го добила од своите пријатели и не го користела бидејќи бил заклучен на друга мрежа.
Да потсетиме дека во тоа време iPhone 1 имаше опција за сурфање и iTunes сервис, но без App store, бидејќи тогаш не постоеше продавницата. Екранот е со дијагонала од 3,5 инчи, а камерата (една) се наоѓа на задната страна, со резолуција од 2 MP.
Малку пред ова, уште еден iPhone, иако не во толку добра состојба, беше продаден за 39.000 долари.
iPhone е телефонот што направи пресврт во светот во кој телефоните на преклоп, камерите и mp3 плеерите коегзистираа едни со други. Со iPhone, Apple ги турна напред и другите производители, носејќи со себе нова димензија на фотографирање и снимање видео.