Бидејќи Galaxy S22 Plus сочинуваше помалку од 20 проценти од вкупниот број испорачани модели, одлуката да се откаже од Galaxy S24 Plus не треба да биде премногу изненадувачка.
Според извештајот на познатиот корејски портал TheElec, премиум серијата Galaxy S24 што ќе пристигне следната година би можела да биде намалена на два модели – S24 и S24 Ultra, без Galaxy S24 Plus.
Она што доведува до овој заклучок се внатрешните ознаки на проектот Galaxy S24, чии телефони се внатрешно означени со DM. Во рамките на овој проект постојат два под-проекта: DM1 и DM3. Забележувате дека нешто недостасува? Ако се потпреме на претходната номенклатура на Samsung, DM1 треба да биде – S23, а DM3 – S23 Ultra.
Според извештајот на GfK, Samsung Galaxy S22 Plus учествуваше само со 17 проценти од вкупната продажба на S22 серијата, додека S22 имаше 38%, а S22 Ultra дури 45% од испораките во 2022 година. Кога станува збор за вкупните бројки, GfK објави дека во 2018 година биле продадени 1,47 милијарди телефони, а во 2019 година тој број паднал на 1,376 милијарди. За време на пандемијата, бројките дополнително паднаа на 1,268 милијарди во 2020 година, само за малку да се зголеми на 1,29 милијарди во 2021 година. Минатата година на светскиот пазар беа продадени 1,29 милијарди телефони, а оваа година се очекува таа бројка да се искачи на 1,278 милијарди.
Покрај Samsung Galaxy S24 Plus, кој можеби нема да ја види светлината на денот, се шпекулира дека Samsung ќе го намали и бројот на модели во Galaxy A серијата. Први на удар би можеле да бидат моделите Galaxy A2x, но дека не е се така црно, покажува дека следната година ќе се врати Galaxy F, за да ги пополни редовите во понискиот ценовен сегмент.