Меркур и Венера немаат свои месечини, Земјата има 1, Марс има 2, Нептун има 14, а Уран има 27. Според најновите истражувања Јупитер има 92, дури 9 повеќе од Сатурн.
Јупитер е планета составена претежно од водород и хелиум, без дефинирана внатрешна површина. Се верува дека тоа е најголемото небесно тело во Сончевиот Систем, со маса до два и пол пати поголема од сите други планети заедно. Покрај тоа, таа е позната и по своите месечини, а само во последните две години тимот предводен од Скот Шепард од Институтот Карнеги откри 12 нови и досега непознати.
Месечини со мали димензии
Како што веќе споменавме, Скот Шепард и неговиот тим интензивно работеа во претходните години на проучување на Јупитер и објектите во неговата близина. Со текот на времето, тие сфатија дека околу него има уште 12 мали природни сателити, од кои повеќето се со дијаметар од 1 до 3 километри, додека пет од нив се поголеми од 8 километри во дијаметар и за кои се верува дека настанале од судир на астероид и јупитеровите поголеми месечини.
Исто така, потврдено е дека сите новооткриени месечини орбитираат околу Јупитер на голема далечина, за што им требаат повеќе од 340 земјини денови за да се заврши една орбита. Но, тоа не е крајот на необичните откритија, бидејќи, како што тврдат научниците, тие имаат – ретроградни орбити. Со други зборови, овие природни сателити се вртат околу Јупитер во спротивна насока од неговата ротација.
Astronomers found 12 more moons around Jupiter bringing it up to 92. What's your favorite old or new moon of #jupitermoons pic.twitter.com/4ogcXNqCLz
— Dean Regas (@DeanRegas) February 10, 2023
Ако се земе предвид дека досега едно од најинтересните небесни тела во космосот е токму јупитеровата месечина Европа, бидејќи се верува дека под нејзината ледена површина лежи подземен океан од вода – тогаш не е чудно што научниците се особено заинтересирани за проучување на новооткриените, за кои веруваат дека ќе имаат повеќе податоци по мисијата планирана за 2024 година со сондата Jupiter Icy Moons Explorer, или JUICE, односно во превод Истражувач на јупитеровите ледени месечини.