Јужна Кореја соопшти дека има намера да ја лансира својата 6G мрежа со користење на врвна технологија, напредни мобилни мрежи базирани на софтвер од следната генерација и зајакнување на мрежите на синџирот на снабдување. Оваа вест ја објави корејското Министерство за наука, информатичка и комуникациска технологија.
Јужнокорејската влада ќе ги охрабри локалните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на 6G мрежата, а исто така планира да го зајакне синџирот на снабдување за поддршка на споменатата мрежа. Физибилити студија која ја истражува 6G технологијата веќе е во тек, а целиот проект вреди нешто повеќе од 482 милиони долари.
Со оваа иницијатива, Јужна Кореја сака да биде пред остатокот од светот кога станува збор за 6G технологијата. Јужна Кореја ја има четвртата најголема економија во Азија и поседува 25,9 отсто од патентите за 5G во 2022 година, а Кина 26,8 отсто. Јужнокорејската влада се надева дека ќе надмине 30 отсто или повеќе од патентите за 6G.
Споменатата 6G мрежа ќе го обедини она што е виртуелно со реалноста, тврди Џанг Јонгтао, заменик-генерален директор на Ericsson China Technology Department. Тој вели дека 6G мрежата ќе ја однесе холографската комуникација од научна фантастика во реалност.